• среда, 25 декември 2024

Средба на министерката Јаневска со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер

Средба на министерката Јаневска со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја продолжат досегашната плодна соработка насочена кон обезбедување квалитетно образование на секое дете, соопшти МОН по средбата на министерката Весна Јаневска и претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер.

Како што соопшти МОН, министерката Јаневска „ја потврди личната и посветеноста на новата Влада кон градење држава во која младите луѓе ќе сакаат да останат да живеат и да работат“ и дека „темелен аспект во оваа насока е обезбедувањето опипливо подобрување на воспитно-образовниот систем“. 

-Двете соговорнички споделија видувања за стратешките предизвици пред кои во моментов е исправено македонското образование и кои се активностите и мерките што се предлагаат за нивно надминување. Министерката Јаневска ја нагласи потребата за континуитет на досега преземените реформи во образованието, како и за промени на решенијата за кои има јавно незадоволство. Таа укажа дека сите ревизии ќе се направат преку широки јавни расправи и со вклученост на сите релевантни чинители, информира МОН. 

Министерката посочила дека е неопходно да се посвети посебно внимание младите да стекнат напредни информатичко-комуникациски знаења и вештини, во услови на брзи промени на светот во кој живееме, водени од иновациите и технолошкиот развој. Како што се наведува во соопштението на МОН, таа додала дека „искрено сметаат на поддршката на УНИЦЕФ во реализирањето на заложбите“. хс/са/ 

Фото: Министерство за образование и наука

 

Остани поврзан