• сабота, 27 јули 2024

Средба на министерката Јаневска со Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација на високото образование

Средба на министерката Јаневска со Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација на високото образование

16 јули 2024

За состојбите во високото образование, заложбите за интернационализација на македонскиот високообразовен систем и потребата од дигитализација на процесот на акредитација на високообразовните установи, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, проф. д-р Марјан Ѓуровски. 

На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат - дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата. Јаневска и Ѓуровски се согласни дека треба да се изградат и механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата од страна на бизнис заедницата.  

Исто така, на средбата беше презентиран Полугодишниот извештај за работа на Одборот за акредитација на високото образование за периодот јануари – јуни 2024 година, а се посочи и дека во иднина ќе се интензивира соработката со институциите на ЕУ за квалитет и акредитација на високото образование. 

Министерство за образование и наука

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан