• петок, 27 декември 2024

Средба на министерката Јаневска со британскиот амбасадор Лосон

Средба на министерката Јаневска со британскиот амбасадор Лосон

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

Како што информира МОН, на средбата е потенцирана досегашна успешна соработка помеѓу двете земји, како и поддршката која ја дава Британската влада во процесот на унапредување на националниот образовен систем.

-Министерката Јаневска го информираше амбасадорот Лосон за приоритетите на Владата во областа на образованието, потенцирајќи дека обезбедувањето квалитетнанастава и учебници за сите ученици во основните и средните училишта е клучен фокус. Напомена дека со импровизации не може да се обезбеди квалитетен образовен систем, подготвен да одговори на предизвиците на модерното време, соопшти МОН. 

На средбата, се додава во соопштението, беше истакнато и досегашното стипендирање на студенти од земјава, преку Чивнинг-стипендиите на Британската влада „за кои постои огромен интерес кај македонските студенти“. хс/са/ 

Фото: Министерство за образование и наука

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан