• вторник, 20 јануари 2026

Средба на министерката Јаневска со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер

Средба на министерката Јаневска со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер

Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Интензивирање на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, како и проширување во делот на високото образование и наука, беа тема на состанокот помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

Двајцата соговорници, како што информираат од МОН, ја истакнале поддршката на швајцарската влада во делот на средното стручно образование, дуалното образование, како и зајакнување на соработката со компаниите и текот на спроведувањето на проектот Образование за вработување (e4e.mk) кој влегува во неговата двегодишна завршна фаза.

На средбата, исто така, било разговарано и за соработката помеѓу универзитетите од двете земји, како и интензивирање на соработката во полето на науката и научно-истражувачката дејност, како и за подршката која ја добива Македонија во спроведувањето на Паметната специјализација и употребата на вештачката интелигенција. аа/мд/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан