• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерката Петровска со претставници на германската Академија за безбедносна политика

Средба на министерката Петровска со претставници на германската Академија за безбедносна политика
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе има средба со претставници на германската Сојузна академија за безбедносна политика (БАКС), кои деновиве престојуваат во посета на земјите од Западен Балкан. Како што соопшти Министерството за одбрана, претставниците на Академијата ќе имаат можност со министерката Петровска да дискутираат на тема: „Државите на Западен Балкан – нивното влијание на европската безбедносна архитектура“. Сојузната академија за безбедносна политика организациски е подредена на Министерство за одбрана на Германија и одговара директно на германскиот канцелар. Претставниците од кои е составена групата се раководители на најгорниот менаџмент од германските сојузни и покраински управи, економија, наука, медиуми и цивилното општество, се додава во соопштението. сп/са/

Остани поврзан