• недела, 24 ноември 2024

Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави на нејзиниот фејсбук профил дека имала средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо. - Народна Република Кина и Северна Македонија имаат пријателски односи и успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина. Се согласивме дека ситуацијата меѓу Русија и Украина треба да се реши со дијалог и заеднички искажавме заложба за трајна европска безбедност и мир, напиша министерката Петровска. цр/ац/

Остани поврзан