• среда, 25 декември 2024

Средба на министерката за култура со македонски уметници и студенти во Прага

Средба на министерката за култура со македонски уметници и студенти во Прага
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Потребно е зацврстување и унапредување на соработката помеѓу Прага и Северна Македонија во областа на културата, заклучија младите уметници и студенти кои живеат во Чешка, на средбата со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Костадиновска-Стојчевска потенцирала дека како Министерство се посветени на градењето поддршка и усовршување на интересите, образованието и вештините на младите уметници. -Искуствата на овие млади луѓе се оние врз кои се базираат и европските практики за развивање програми за размена на младите од цела Европа, како и за поддршката на иницијативите што ги нудат во областа на филмот, креативните индустрии, заштитата на културното наследство и новите технологии, оценила министерката. Како што информираат од Министерството средбата се остварила со млади професионални кадри од различни уметнички профили, од кои некои се родени во Чешка, а некои во Северна Македонија, некои останале да живеат и да работат по студиите во Прага, а некои ги одржуваат врските со својата земја. -Во конструктивна атмосфера со овие млади македонски професионални кадри од уметноста, разговаравме за начините како заеднички да ги спроведуваме политиките за зајакнување на културата, на македонскиот јазик, на идентитетот на државата. Исто така, стана збор за начините како да се спроведат нивните иницијативи заедно со заложбите на Министерството за култура за активно вклучување на младите професионалци во евроинтегративните процеси на земјата и во Агендата за култура на Западен Балкан на ЕУ“, е наведено во соопштението. Вечерва во Прага, со претставата „Антитело“ во продукција на ФДУ од Скопје, завршува тридневната манифестација „Денови на македонската култура“. свс/нд/

Остани поврзан