• четврток, 26 декември 2024

Средба на лидерот на ДУИ Ахмети со еврокомесарот Хан

Средба на лидерот на ДУИ Ахмети со еврокомесарот Хан

15 септември 2023 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети денеска се сретна со европскиот комесар за буџет и администрација, г-дин Јоханес Хан.

Соговорниците разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија.

Скрининг процесот се развива според прогнозите, а реформите се континуиран процес.

Ахмети зборуваше за Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени, додавајќи дека политичките партии треба да ги надминат личните интереси и да се фокусираат на иднината на државата и животот на граѓаните.

Комесарот Хан безрезервно ги поддржува реформските и евроинтеграциските напори на нашата земја.

Соговорниците разговарале и за дијалогот меѓу Косово и Србија, апелирајќи земјите да се држат до договорот постигнат во Охрид до финализирање на целосниот договор со взаемно признавање.

 

Демократска унија за интеграција

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Тагови

Остани поврзан