• четврток, 26 декември 2024

Средба на Ковачевски - Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Средба на Ковачевски - Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараше за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор, како што соопшти владината прес-служба, биле и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување. Премиерот Ковачевски истакнал дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година. Двајцата соговорници се согласиле дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети. На средбата била изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија. сст/дма/

Остани поврзан