• среда, 18 декември 2024

Средба на гувернерката Ангеловска Бежоска со холандската кралица Максима

Средба на гувернерката Ангеловска Бежоска со холандската кралица Максима

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на настанот за финансиска едукација во организација на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД, била организирана посебна сесија со прашања и одговори со холандската кралица Максима. На средбата, како што информираат денеска од Народната банка, се дискутирало за важноста на финансиската писменост за финансиското здравје на секој поединец. За поголем прогрес потребни се напори од страна на носителите на политиките, но значајна улога имаат и самите финансиски институции даватели на финансиски услуги.

Проектот финансиран од холандското Министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД има за цел поддршка на земјите од Конституенцата на ММФ и Светска банка, вклучително и нашата држава, во напорите за зголемување на финансиската писменост која, според Анкета спроведена од ОЕЦД,  кај нас е слична како и во регионот на ЈИЕ, но сепак позначајно заостанува зад ЕУ.

-Финансиската едукација и инклузија е процес кој бара вклучување на многу засегнати страни, за да се постигнат забележителни резултати. Нашата прва национална Стратегија за финансиска писменост, која беше донесена во 2021 година е добра основа за координиран пристап на јавните и приватните институции, како и невладиниот сектор. Од гледна точка на субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор кои можат да придонесат во оваа област, финансиската едукација станува дел од нивната општествена одговорност и важен аспект во градењето на нивниот углед, истакнала гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишната средба на проектот  за финансиска едукација, на покана на министерката за финансии на Холандија и на ОЕЦД. дма/

Фото: Народна банка

Остани поврзан