• сабота, 23 ноември 2024

Средба на градоначалниците на Тетово и Улцињ, Касами и Ниманбегу

Средба на градоначалниците на Тетово и Улцињ, Касами и Ниманбегу

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска имал средба со градоначалникот на црногорскиот град Улцињ, Генц Ниманбегу, на која разговарале за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете општини во културата, туризмот, спортот и економијата.

-Двајцата градоначалници дискутираа за можноста за спроведување заеднички проекти и аплицирање во европските фондови, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заедничкиот развој на двете општини. Тетово и Улцињ покажаа особена посветеност кон организирање заеднички активности, кои ги приближуваат граѓаните од двете општини и градат мостови на соработка преку културата, спортот и туризмот, соопшти Општина Тетово. 

Касами ја истакнал важноста на оваа соработка како значаен фактор за напредок на патот кон интеграција и одржлив развој.
 
-Само обединети можеме да ги развиваме нашите градови и да одиме напред, рече тој, подвлекувајќи ја посветеноста на Општина Тетово да ги поддржи сите иницијативи што произлегуваат од оваа соработка со Улцињ, се наведува во соопштението. хс/цр/

Фото: Општина Тетово 

 

 

 

Остани поврзан