Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ
- Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на унапредување на меѓусебната соработка, информираат од Општината.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на унапредување на меѓусебната соработка, информираат од Општината.
Амбасадорката Тигањ истакнала дека Хрватска е подготвена да ги сподели своите искуства, особено во делот на усогласување на стандардите со европските практики. Таа ја поздравила посветеноста на локалната самоуправа за проактивен пристап во привлекувањето на инвестиции и развојот на локалната заедница.
Градоначалникот Ѓорѓиевски, пак, ја нагласил важноста од градење силни партнерства со пријателските земји, додавајќи дека оваа соработка претставува можност за трансфер на знаење и ресурси кои ќе придонесат за подигнување на квалитетот на живот во општината.
-Посетата на амбасадорката Тигањ е уште еден доказ за искрената желба за продлабочување на односите меѓу Општина Кисела Вода и Република Хрватска. Заедно, можеме да создадеме нови можности за нашите граѓани. Се надевам дека оваа соработка ќе биде пример за успешно партнерство на локално и меѓународно ниво, изјавил Ѓорѓиевски. сст/са/
фото Општина Кисела Вода