• петок, 27 декември 2024

Средба на Гаши со норвешката амбасадорка Мелсом

Средба на Гаши со норвешката амбасадорка Мелсом

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши се сретна со нерезидентната амбасадорка на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом, на која нагласил дека двете земји негуваат блиско партнерство, истакнувајќи дека одличните политички односи и пријателство се трајно зајакнати преку нашето сојузништво во НАТО.

Како што информира собраниската прес-служба, тој подвлекол и дека во време кога континентот се соочува со големи предизвици нашите две држави ќе продолжат да ги бранат демократските вредности, толеранцијата и владеењето на правото, активно придонесувајќи кон стабилноста и безбедноста во регионот, во Европа и во светот.

-Амбасадорката Мелсом искажа интерес за планираните активности на Собранието во периодот кој што следи, како и за можностите за унапредување на парламентарната соработка на сите нивоа со тековниот состав на Собранието. Амбасадорката ги нагласи чекорите кои Република Северна Македонија ги презема во насока на приближување кон Европската Унија, а Кралството Норвешка ќе продолжи со принципиелната поддршка на евроинтегративниот пат на нашата држава, се вели во соопшетението.

Во однос на соработката во рамки на Алијансата амбасадорката се осврнала на мисиите во кои заеднички учествуваат двете држави и успешната соработка во рамки на програмите за унапредување на улогата и позицијата на НАТО. 

Соговорниците ја нагласиле значајната улога на нашите државјани кои живеат и работат во Норвешка и претставуваат значаен мост за поврзување и соработка меѓу двете држави. Подвлекле и дека е потребно зголемување и проширување на економската соработка меѓу двете држави, со фокус на привлекување на поголеми норвешки компании да инвестираат во Република Северна Македонија и преку неа во Регионот. сст/нд/

Фото: Собрание на РСМ

 

 

Остани поврзан