• среда, 18 декември 2024

Средба на Гаши со амбасадорот на Казахстан, Буршаков

Средба на Гаши со амбасадорот на Казахстан, Буршаков

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денешната средба со амбасадорот на Република Казахстан во државава, Садбалди Буршаков ја почна со уверување дека средбата ќе претставува извонредна можност за размена на мислења и искуства за повеќе прашања од заеднички интерес, соопшти собраниската прес-служба.

Гаши изразил задоволство што билатералните односи меѓу Северна Македонија и Казахстан се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и заеднички интерес за натамошно проширување и продлабочување посебно од економски аспект.

-Ставовите на двете земји во врска со клучните прашања на меѓународната агенда се многу блиски. Северна Македонија ги поддржува иницијативите на Казахстан во меѓународните организации, а соработката на мултулатерален план е особено изразена во рамките на ОН и ОБСЕ, нагласил Гаши.

Амбасадорот Буршаков изразил задоволство за одржувањето на средбата. Тој нагласил дека Казахстан е голем трговски партнер на ЕУ и од овој аспект и поддржувач на ЕУ интеграциите на нашата земја.

Буршаков ја потенцирал и досегашната одлична соработка на двете земји и изразил спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња посебно во полето на економија култура и други.

Двајцата соговорници изразиле надеж дека во иднина ќе се продлабочи и парламентарната соработка посебно во ниво на претседатели на парламенти, како и на парламентарни групи за сорабтка.

На крај на средбата двајцата соговорници се согласиле дека интензивната институционална соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет. дма/нд/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан