• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на вицепремиерот Стоилковиќ со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз, зајакнување на соработката со акцент на капиталните инвестиции

Средба на вицепремиерот Стоилковиќ со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз, зајакнување на соработката со акцент на капиталните инвестиции

Скопје, 10 април 2025 (МИА) – Можностите за зајакнување на партнерството и соработката во различни области со акцент на капиталните инвестиции, биле во фокусот на денешната средба на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Стоилковиќ, биле разменети мислења за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со цел реализација на заеднички инвестиции и задржување на владиниот приоритет - силен економски развој и целосна трансформација на државата.

Вицепремиерот Стоилковиќ го запознал шпанскиот амбасадор со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, плановите за оваа календарска година и нагласил дека интензивно се работи на промена на односот кон помалите етнички заедници. Воедно, изразил благодарност за континуираната поддршка од Шпанија, резултат на повеќе од 30-годишните дипломатски односи и традиционално пријателство, особено во процесот на евроинтеграциите на нашата земја.

Шпанскиот амбасадор упатил пораки на поддршка и признание за постигнатиот напредок, уверувајќи дека напредокот во процесот на проширување на ЕУ заснован врз систем на заслуги и принципиелни политики и понатаму останува високо на агендата.

Двајцата соговорници се согласиле дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, и дека таа дополнително треба и може да се продлабочува. дма/бак/
 

Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

Остани поврзан