• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на вицепремиерот Николоски со Мевлут Чавушоглу

Средба на вицепремиерот Николоски со Мевлут Чавушоглу

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски остварил средба со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, кој се наоѓа во неофицијална посета на Скопје.

- Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије. Разговаравме за долгогодишната соработка помеѓу двете држави како и за можностите за засилена соработка во делот на економијата и потенцијални нови инвестиции. Соработката и пријателството помеѓу двете држави и во иднина ќе ги зајакнуваме и продлабочуваме, напиша на фејсбук профилот, Николоски. аа/

Фото: ФБ/Александар Николоски

Остани поврзан