• среда, 25 декември 2024

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ЕУ Рокас

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ЕУ Рокас

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас.

Како што соопшти Кабинетот на Стоилковиќ, на средбата разговарале за клучните прашања, приоритети, но и идните планови на Министерството за односи меѓу заедниците, како и соработката со ЕУ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава.

-Како Министерство ни значи соработката со ЕУ од причина што помалите етнички заедници немаат друга адреса освен ЕУ, со оглед на тоа какво искуство имавме се надевам дека работите со ваша помош ќе ги исправиме, рекол Стоилковиќ на средбата истакнал дека е задоволен од тоа како се одвиваат работите во првите 100 дена.

Заклучокот на двајцата соговорници бил дека заштитата на етничките заедници е приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува.

-Како што нагласи амбасадорот на ЕУ Рокас нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од Унијата. Амбасадорот Михалис Рокас го изрази своето задоволство од, како што рече, храброста и решителноста на вицепремиерот и министер Стоилковиќ за изнесените податоци за затекнатата состојба во Министерството, и воедно ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите во делот на заштитата на правата на етничките заедници и нагласи дека не смее да има никакво оправдување и сето она што е злоупотребено треба да биде процесирано, се наведува во соопштението. 

Тема на разговор биле и економските прилики во земјата „и фактот дека соработката меѓу балканските земји ќе придонесе за стабилноста во регионот, а придобивките ќе ги чувствуваат сите“. 
 
-На крајот од средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ уште еднаш упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека соработката, но и пријателските односи не само што ќе го задржат досегашното ниво, туку и ќе се продлабочат во наредниот период, информира Кабинетот на Стоилковиќ. хс/ев/

Фото: Министерство за односи меѓу заедниците

 

Остани поврзан