Средба на Беким Ќоку со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер
- Координаторот на пратеничката група на „Вреди“ Беким Ќоку денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на „Вреди“ Беким Ќоку денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Како што информираат од собраниската прес-служба, амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со координаторот Ќоку разговараа за приоритетите и перспективите на Движењето „Вреди“.
Координаторот Ќоку ги истакна приоритетите на „Вреди“ во Собранието, како дел од владејачкото мнозинство, како и добрите односи во коалицијата.
Реафирмирана беше заложбата на патот кон Европската Унија, при што координаторот изрази благодарност за поддршката што Франција ѝ ја дава на нашата земја кон оваа цел. Воедно, тој побара дополнителна поддршка во однос на спроведувањето на Францускиот предлог.
Соговорниците разменија мислења и за употребата на албанскиот јазик, новиот предлог-закон за правична застапеност, како и за барањето на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик.вј/са/
Фото: Собрание