• четврток, 26 декември 2024

Средба Муртезани - Улусој, во фокусот соработката преку ТИКА

Средба Муртезани - Улусој, во фокусот соработката преку ТИКА

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Традиционално силните и пријателски односи со Република Турција беа потврдени на денешната средба на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со амбасадорот на Турција во земјава Фатих Улусој.

На состанокот, како што информира Министерството за европски прашања, била потенцирана одличната билатерална проектна соработка што се одвива преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). 

ТИКА, како што се наведува, има широк спектар на активности и обезбедува континуирана поддршка во социјално-економскиот развој на нашата земја преку многубројните реализирани проекти, значајни поради нивната флексибилност и ориентираност кон резултати во областите на образованието, здравството, административната и социјалната инфраструктура, транспортот и земјоделството.

- Соговорниците ја реафирмираа подготвеноста за продлабочување на оваа соработка од двете страни, надградувајќи ја цврстата основа на меѓусебното почитување што ги дефинира односите меѓу Северна Македонија и Турција, се вели во соопштението. мд/бак/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан