Мицкоски - Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, со кого, како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, разговарале за стратешките аспирации на земјава и потребата Европската Унија да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси кои пречесто се оптоварени со билатерални пречки и спорови.
Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, со кого, како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, разговарале за стратешките аспирации на земјава и потребата Европската Унија да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси кои пречесто се оптоварени со билатерални пречки и спорови.
- Ја истакнав заложбата на Македонија за напредок на тој план како и нашите позиции во однос на надминување на пречките со источниот сосед. Македонија заслужува да биде член на европското семејство, напиша Мицкоски на својот официјален фејсбук профил.
Лајчак денеска учествуваше на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), што се одржа во Собранието, каде порача дека членството во ЕУ е најдобрата опција, како за Северна Македонија, така и за регионот во овој момент на нов геополитички контекст. лв/са/
фото:ФБ Христијан Мицкоски