• вторник, 24 декември 2024

Средба Минчев - Красниќи: Споделувањето на добрите практики значајни за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор

Средба Минчев -  Красниќи: Споделувањето на добрите практики значајни за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор

Приштина, 18 ноември 2024 (МИА) - Споделувањето на искуствата и добрите практики помеѓу двете држави е од суштинско значење за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешната заедничката меѓувладина седница помеѓу македонската Влада и Владата на Косово во Приштина.

Во своето обраќање на седницата, Минчев се осврна на реформите во јавната администрација кои се клучен приоритет за обезбедување на ефикасно, транспарентно и инклузивно управување.

Во рамките на посетата, министерот за јавна администрација оствари средба со министерот за локална самоуправа и администрација, Елберт Красниќи.

- На средбата беа разгледани можностите за зајакнување на билатералната соработка во повеќе области, со фокус на реформа на јавната администрација и поддршка за градење на капацитетите на јавната администрација, известуваат од Министерството за јавна администрација.

Оттаму, истакнуваат дека меѓувладината седница е показател за добрососедски односи со Косово, соработка која ќе продолжи да се интензивира во повеќе области во интерес на граѓаните на двете земји.

- Министерството за јавна администрација останува посветено на регионалната соработка како клучен елемент за успешна реализација на реформите и приближување кон европските стандарди на управување, велат од ресорното министерство. ир/са/

 

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан