• четврток, 05 март 2026

Средба Милошоски - Сулстром: Фокус на парламентарната и економската соработка

Средба Милошоски - Сулстром: Фокус на парламентарната и економската соработка

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска Ола Сулстром, придружуван од заменик-шеф на мисијата Елизабет Далберг Фриск.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата биле потенцирани одличните билатерални односи на двете држави, засновани на меѓусебна доверба и почит, со посебен фокус на парламентарната и економската соработка.

Потпретседателот Милошоски се заблагодарил за континуираната поддршка која нашата држава ја добива од Кралството Шведска во процесот на ЕУ-интеграциите. фф/са/

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан