• недела, 24 ноември 2024

Средба Маричиќ - Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија

Средба Маричиќ - Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија
Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претставил на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите. На крајот, како што посочуваат, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ истакнал дека јакнењето на соработката со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер со кој негуваме долгогодишни блиски односи, е од голема важност бидејќи САД останува еден од главните поддржувачи на реформската агенда на патот кон европската интеграција. Амбасадорката Брнз на средбата упатила честитки до вицепремиерот Маричиќ за новата функција, изразувајќи доверба во неговиот личен ангажман дека ќе даде голем придонес во евроинтегративниот процес на земјата во рамки на мандатот.​фф/лв.

Остани поврзан