• четврток, 26 декември 2024

Средба Лорковски - Сулејмани, тема клучните регулаторни реформи во енергетскиот сектор

Средба Лорковски - Сулејмани, тема клучните регулаторни реформи во енергетскиот сектор

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) -  Директорот на Енергетската заедница Артур Лорковски денеска имаше средба со потпретседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) Лирим Сулејмани и членовите на Комисијата на која разговараа за клучните регулаторни реформи кои претстојат во енергетскиот сектор, информираат од РКЕ.

-Континуираната блиска соработка што ние во РКЕ ќе ја имаме со Енергетската заедница при креирањето на регулаторни одлуки е гаранција за обезбедување на сите предуслови за сигурна, стабилна и непречена испорака на енергенси во државата. Тоа се европски стандарди импелементирани во нашата регулатива и затоа даваат резултати, оценил потпретседателот на РКЕ Сулејамни. 

Според него, упатениете пофалини зборови од директорот Лорковски кон институцијата, се признание за тимската и посветена работа за имплементација на европските енергетски реформи на сите вработени во реглаторната комисија за енергетика. сст/са/

Фото: РКЕ

Остани поврзан