• сабота, 28 декември 2024

Средба Лавров – Блинкен идната недела (ДПЛ)

Средба Лавров – Блинкен идната недела (ДПЛ)
Москва, 12 мај 2021 (МИА) - Рускиот и американскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ентони Блинкен во телефонски разговор се согласија да се состанат следната недела на маргините на самитот на Арктичкиот совет во Рејкјавик, соопшти Москва. Лавров и Блинкен се согласија да одржат посебен состанок на маргините на состанокот за да разговараат за клучните билатерални и меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Министерскиот состанок на Арктичкиот совет ќе се одржи на 20 мај. „Стана збор и за интеракцијата на двете земји во Арктичкиот совет, вклучително и поради префрлањето на претседателството на оваа структура на Руската Федерација, што ќе се одржи на министерската сесија на АС во Рејкјавик на 20 мај. Лавров и Блинкен се согласија да одржат посебна средба на маргините на оваа сесија за решавање на клучните прашања во билатералните односи и меѓународната агенда“. соопшти дипломатскиот оддел. Тие денеска разговараа и за Северна Кореја, иранската нуклеарна програма и „стратешката стабилност“, се вели во соопштението од Москва. зш/  

Остани поврзан