• четврток, 26 декември 2024

Средба за поддршка на жените заболени од рак на дојка

Средба за поддршка на жените заболени од рак на дојка
Гостивар, 27 февруари 2022 (MIA) - Жените од гостиварско кои се борат со канцер на пригодна средба во пресрет на 8 Март добија поддршка од две здруженија, лекари и локалната самоуправа. На неформалното дружење, неколку гостиварки слушнаа совети од лекари онколози, добија ваучери за фризерски услуги и розови панделки симболот борбата против рак на дојка. Билјана Беловинова од здружението „When in trouble“ која беше домаќин на средбата нагласи дека на жените кои се борат со канцер им е потребно внимание и поддршка и не само во кампањи и празници. Биба Додева претседателката на здружението „Борка“ ја истакна важноста од ваквите средби, бидејќи како нагласи не сме да се игнорираат секојдневните проблеми со кои се соочуваат овие жени. - Ќе им подариме ваучери за бесплатни фризерски услуги, бидејќи знаеме дека косата опаѓа и тоа може да биде еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат жените. Освен што како здружение обезбедуваме бесплатни перики, со ваучерот може да појдат на фризер и направат фризура, по терапијата и конечно да се чувствуваат женствено, затоа што ракот не означува смрт“, рече Додева. Првиот човек на општина Гостивар ја истакна неопходноста од поддршка и напомена дека наскоро во Гостивар ќе се започне со скрининг за побрзо откривање карциномот, а тоа ќе биде платено со пари од општинскиот буџет. Онкологот Илир Исмаили на средбата ја истакна важноста од превенцијата на ракот на дојка, бидејќи како што кажа оваа болест е водечка според бројките. Тој напомена дека во земјава, секоја година има помеѓу 750 до 800 новодијагностицирани случаи и оцени дека е исклучително важно да се прават почести прегледи со мамографија, ехо на дојка и самопреглед. згм/свс/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан