• недела, 24 ноември 2024

Средба Заев - Коп: Континуирана поддршка од Холандија за евроинтеграциите

Средба Заев - Коп: Континуирана поддршка од Холандија за евроинтеграциите
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп на денешната средба во Владата разговарале за вчерашното учеството на владината делегација на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан во Словенија. Премиерот Заев, кој вчера ја предводеше делегацијата, изразил задоволство од искажаната поддршка од лидерите на ЕУ по завршувањето на Самитот во Крањ, за влез на Северна Македонија во Унијата, додавајќи дека разговорите со Бугарија продолжуваат и изразувајќи увереност за надминување на спорот во наредниот период. - Амбасадорот на Кралството Холандија Коп упати честитки за успешно спроведениот попис во нашата земја, потенцирајќи дека тоа е важен процес за успешно спроведување на политиките за подобрување на животот на граѓаните. Во таа насока беше оценето дека исполнувањето на реформите, владеењето на правото обезбедува функционални институции и креирање на успешна бизнис клима, при што соговорниците се согласија дека се креираат поволни услови за натамошен развој, посебно на капацитетите на правната држава, информираат од Владата. Премиерот Заев и холандскиот амбасадор Коп разговарале и размениле мислења и за актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија и претстојните локални избори. - Заеднички е констатирано дека двете земји имаат одлични економски односи и дека во земјата се носат поволни мерки и се креираат можности за привлекување на нови инвестиции и иновации особено во земјоделскиот сектор, се вели во соопштението на Владата. ир/нд/

Тагови

Остани поврзан