• сабота, 23 ноември 2024

Средба Дурмиши-Рокас: Спроведување на реформите во економијата се приоритет на патот кон членството во ЕУ

Средба Дурмиши-Рокас: Спроведување на реформите во економијата се приоритет на патот кон членството во ЕУ

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со новиот амбасадор на Европската унија во државава Михалис Рокас, соопштија од Министерството.

-Соработката со Европската унија и спроведувањето на економските реформи се едни од најважните приоритети на Министерството за економија и труд, истакнал министерот Дурмиши на состанокот и додал дека како министер ќе биде целосно ангажиран во спроведување на надлежностите во делот на реформската агенда.

Основната нејзина цел, според Дурмиши, е засилено спроведување на реформите преку забрзување на усогласувањето на нашиот јавен сектор со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на јавниот сектор на Унијата, обезбедување негово транспарентно управување, развој на конкурентна и зелена економија и поддршка на процесот на пристапување.

Двајцата соговорници разговараале дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на  соработката и потикнување реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

Министерот на средбата потенцирал дека дека ЕУ е наш значаен партнер и се заблагодарил за континуираната поддршка на ЕУ кон земјата и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина, во насока на остварување на нашата цел – целосна интеграција во ЕУ. сст/дма/

фото: Министерство за економија

Остани поврзан