• четврток, 19 декември 2024

Средба Демири - претставници на АМЧАМ: Предлог за проширување на позитивната листа, поголема достапност на иновативни лекови

Средба Демири - претставници на АМЧАМ: Предлог за проширување на позитивната листа, поголема достапност на иновативни лекови

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Министерот за здравство Илир Демири на претставници на Американската стопанска комора (АмЧам), на денешната средба им соопштил дека неделава ќе достави предлог до Фондот за здравствено осигурување за проширување на позитивната листа.

Тој со претставниците на АмЧам разговарал и за мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава, информираат од Министерство за здравство.

На средбата било дискутирано за новините кои ќе се имплементираат за пофункционален здравствен систем за граѓаните.

- Ги запознав дека неделава ќе биде доставен предлог до Фондот за здравствено осигурување за проширување на позитивната листа. После 13 години овозможуваме поголема достапност на иновативни лекови и поефективна терапија за пациентите, рече Демири. ир/нд/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан