• четврток, 26 декември 2024

Средба Гаши-Улман: Поддршка за евроинтеграцискиот процес

Средба Гаши-Улман: Поддршка за евроинтеграцискиот процес

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари прва средба по изборот на функцијата со амбасадорката на Швајцарија во државава Вероник Улман која ја реафирмилата поддршка за нашиот  евроинтеграциски процес.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство за политичките односи на двете земји, кои посочил дека се карактеризираат со пријателство и разбирање, но и отворен дијалог.

-Транспарентноста и пријателскиот однос со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација со Собранието на Република Северна Македонија со сигурност ќе продолжи во периодот што следи, истакнал Гаши. 

Посебен акцент, стои во соопштението, Гаши стави на трудот на швајцарската Влада  во соработка со Амбасадата на Швајцарија во РСМ, кои преку проекти продолжуваат и понатака да обезбедуваат поефикасно и потранспарентно функционирање на Собранието.

Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорката Улман изразила благодарност за остварената средба и очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено на остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија.

-Амбасадорката Улман изрази надеж дека одличната соработка на двете земји ќе продолжи и понатака, но и на повеќе нивоа. Уште еднаш силно даде поддршка за државава за евроинтеграцискиот процес, сметајќи дека на Република Северна Македонија, како и на другите земји на Балканот, местото им е во ЕУ. Соговорниците беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се наведува во соопштението.лв/дма/

фото:Собрание 

Остани поврзан