• сабота, 23 ноември 2024

Средба Вучиќ - Руге за ситуацијата во регионот

Средба Вучиќ - Руге за ситуацијата во регионот

Белград, 21 август 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград имаше средба со помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Борис Руге и посочи дека „постојаниот ризик од ескалација на тензиите што Приштина редовно ги провоцира со неодговорни одлуки и однесување во голема мера влијае врз српскиот народ на Косово“.

-Добра средба со Борис Руге за најважните прашања, ситуацијата во регионот, безбедноста на Косово и Метохија и можните импликации од продолжувањето на едностраните потези на режимот на Курти, напиша Вучиќ по средбата на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Претседателот на Србија изрази голема загриженост поради тенденцијата за усложнување на ситуацијата и покрај сите напори на Белград да ги врати отворените прашања во рамките на дијалогот. мс/

фото: Инстаграм

Остани поврзан