• недела, 24 ноември 2024

Средба во Министерството за финансии со бизнис заедницата за хармонизација на царинските стапки

Средба во Министерството за финансии со бизнис заедницата за хармонизација на царинските стапки
Скопје, 8 јули 2021 (МИА) - Усогласувањето на царинските стапки со стапките на ЕУ ќе доведе до јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, зголемени инвестиции од страна на компаниите, а со тоа и нови вработувања. Ова било посочено на состанокoт во Министерството за финансии на кој присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министрите за економија Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа, како и претставници на Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северо-западна Македонија, МАСИТ, МАТТО и претставници на АмЧам Северна Македонија. -Усогласувањето на царинските стапки е барање на стопанствениците во насока на хармонизација на царинските стапки на одредени тарифни броеви со стапките на Европската Унија. На состанокот беше претставена анализата кој ги опфаќа сите доставени барања за измена на царинските стапки на тарифните броеви од страна на сите стопански комори и ефектот врз македонската економија. Принципите врз кои се заснова и е работена анализата се заштитата на домашното производство и хармонизација на царинските стапки со стапките на ЕУ  која треба да придонесе јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, создавање поатрактивни услови за странските инвеститори, како и поинтензивно вклучување во глобалните ланци на снабдување односно создавање на додадена вредност, се вели во соопштението од Министерството за финансии. Дијалогот и партнерството на Владата на Република Северна Македонија со бизнис заедницата, нагласуваат од МФ, се одвива во континуитет. -Преку средбите со бизнис заедницата се дискутираат сите прашања, за кои институциите прават сериозни анализи и се преземаат соодветни активности. Од бизнис заедницата слушнавме предлози кои понатаму ќе бидат  разгледaни и она што е во насока на помош и поддршка ќе биде прифатено. Владата е тука да создава услови и деловен амбиент за работа, развој на инвестиции, на извозот, а со тоа и на севкупната економија, посочуваат од Министерството. Оттаму додаваат дека креирање поволно деловно опкружување преку системско редифинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување на неколку јавни давачки било предвидено и во петтиот пакет антикризни мерки, а што беа и барања од стопанствениците. Мерките, според МФ, се дизјанирани за директна поддршка на стопанството и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните со подобрување на животниот стандард и работните услови. сст/лв/    

Остани поврзан