• вторник, 24 декември 2024

Средба Божиновска - Гир: Градење нови и модернизација на постојните енергетски капацитети се наши заеднички цели

Средба Божиновска - Гир: Градење нови и модернизација на постојните енергетски капацитети се наши заеднички цели

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - ЕУ интеграциите, хармонизација на домашната законска регулатива со европското законодавство, декарбонизација и зелена транзиција, биле главни теми на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и евроамбасадорот Дејвид Гир.  

- Поддршката од Делегацијата на ЕУ за работата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е од исклучително значење, особено во делот на стратешко искористување на расположливите ЕУ фондови. Градењето на нови и модернизација на постојните енергетски капацитети се наши заеднички цели во исполнување на барањата на ЕУ за одржлив развој, односно поголема енергетска ефикасност, зголемување  на капацитетот на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. мд/дма/

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Остани поврзан