• четврток, 26 декември 2024

Средба Бесими - Лудва: Европерспективата нема алтернатива, тоа се покажува и во време на криза

Средба Бесими - Лудва: Европерспективата нема алтернатива, тоа се покажува и во време на криза
Скопје, 28 март 2020 (МИА) - Посветеноста на новата Влада на продолжување на патот кон Европската Унија како единствен и без алтернатива и реформите што ги спроведуваме за приближување кон ЕУ стандардите, денеска беа потврдени на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва. Министерот за финансии потенцира дека очекувањата на Владата се дека ЕУ преку француското претседателство ќе ги продолжи напорите за отворање на пристапните преговори, а македонската страна го продолжува дијалогот со Бугарија. Воедно, информираат од Министерството за финансии, на средбата е повторена поддршката за нашите ЕУ перспективи од страна на Чешка, која го презема претседателството со Унијата од 1 јули 2022 година. Дополнително е потврдена потребата за зголемена регионална интегрираност во прилог на зголемени инвестиции и економски раст, кои ќе бидат во прилог на нашата стратешка цел, приклучување кон Европската Унија. На средбата двајцата соговорници се осврнаа на случувањата во Украина и на влијанието врз светските економски движења, вклучително и врз двете земји, како и активностите што секоја земја ги презема за да влијае на апсорпција на негативните ефекти врз домашната економија. - Владата ги следи состојбите и веќе донесе пакет од 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните и домашното стопанство, како да овозможи безбедно и сигурно снабдување со енергенси, рече Бесими и во таа насока позитивно го оцени вклучувањето на нашата земја заедно со другите земји од Западен Балкан и Европската Унија во иницијативи кои се во прилог на зголемена енергетска независност на Унијата и регионот. Министерот на состанокот упати на макроекономската стабилност во земјата и можностите за унапредување на економската соработка со Чешката Република и реализација на инвестиции. По покажаното економско закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години преку реализација на инвестиции предвидени и во Планот за забрзан економски раст, но и преку зголемено учество на капиталните расходи во буџетот, предвидено и со Фискалната стратегија 2022-2026 година каде клучни елементи се редизајнирање и подобрување на јавните финансии и постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиoт дефицит. вј/сп/

Остани поврзан