• четврток, 26 декември 2024

Сребрениот медалист од Токио 2020, Чиџинду Уја негира свесно користење недозволиви материи

Сребрениот медалист од Токио 2020, Чиџинду Уја негира свесно користење недозволиви материи
Лондон, 15 август 2021 (МИА) - Британскиот спринтер Чиџинду Уја се произнесе за наводите за прекршување на анти-допинг правилата на Олимписките игри во Токио. При допинг-контролата, се пронајдени забранети супстанции во неговиот примерок и Британецот е привремено суспендиран. - Сакам јасно да порачам дека не сум измамник. Никогаш свесно не сум земал нелегални материи. Ќе се придржувам до сите формални процеси и нема да давам никакви коментари за случајот додека не биде потребно, рече Уја. Тој беше дел од штафетата на Велика Британија на трката 4 х 100 метри, со која освои сребро на Игрите во Токио 2020. зс/

Остани поврзан