• четврток, 26 декември 2024

Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал

Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал


Белград, 13 мај 2024 (МИА) – Српската ракометна федерација денеска ќе испрати барање до Светската ракометна федерација (ИХФ) за специјална покана за учество на Мундијалот кој идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.
Српските ракометари вчера не успеаја да се пласираат на Светското првенство, бидејќи во реваншот од баражот во Нови Сад ја победија Шпанија со недоволни 25:22.
Во првиот натпревар на 8 мај во Шпанија домашната екипа победи со 32:28.
Светското првенство ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан