• вторник, 24 декември 2024

Србија ја совлада Грција и ја продолжува одбраната на олимписката титула во ватерполо

Србија ја совлада Грција и ја продолжува одбраната на олимписката титула во ватерполо

 

Париз, 7 август 2024 (МИА) – Актуелните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, се пласираа во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако попладнево во драматично четвртфинале ја совладаа Грција со 12-11 (3-3, 3-2, 2-4, 4-2).

Беше тоа израмнет дуел во кој ниту една репрезентација немаше повеќе од гол предност, дури 11 пати резултатот беше израмнет, а победникот го одлучи голот на Никола Јакшиќ на 1,2 секунди пред крајот.

Србија во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Австралија и САД.

Претходно денеска Хрватска се пласираше во полуфиналето со победата од 10-8 против Шпанија, а противник ќе ѝ биде Италија или Унгарија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан