• сабота, 23 ноември 2024

Србија ја поддржа декларацијата на ЕУ за изборите во Белорусија

Србија ја поддржа декларацијата на ЕУ за изборите во Белорусија
Белград, 26 август 2020 (МИА) - За разлика од српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој му честиташе на Александар Лукашенко за реизборот за претседател на Белорусија, Србија ја поддржа декларацијата на Европската унија, во која се вели дека изборите во оваа земја не биле слободни и фер, пренесува порталот Кликс. Амбасадорот на ЕУ во Србија, Сем Фабрици на својот профил на Твитер објави дека Србија ја поддржува декларацијата. „Ја поздравувам одлуката на Србија да ја поддржи Декларацијата на ЕУ за претседателските избори во Белорусија“, напиша Фабрици на Твитер. Реизборот на Лукашенко предизвика протести во земјата, каде демонстрантите негодуваат поради изборниот фалсификат. ссм/

Остани поврзан