• вторник, 24 декември 2024

Србија: Осомничените за убиството на малата Данка донесени во Обвинителството

Србија: Осомничените за убиството на  малата Данка донесени во Обвинителството

Белград, 17 април 2024 (МИА) - Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај.

Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови. Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење. ссм/

фото: архива

Остани поврзан