• вторник, 12 ноември 2024

Србија од утре делумно ги ублажува епидемиолошките мерки

Србија од утре делумно ги ублажува епидемиолошките мерки
Белград, 4 април 2021 (МИА) – Српскиот Кризен штаб за заштита од заразното заболување Ковид-19 предложи нови мерки за сузбивање на епидемијата, кои ќе важат од понеделник во 6 часот наутро, јави дописникот на МИА од Белград. - Важна новина е што сите установи и институции на кои им е дозволено да работат имаат единствено дозволено работно време од 6 до 22 часот, соопшти српската Влада. На угостителските објекти со тераса од утре им е дозволено да работат исклучиво на отворено, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки, кои, меѓу другото, вклучуваат максимум пет лица на иста маса, со задолжително растојание од два метри меѓу масите. Забрането е и изведување на сценско музичка програма. Кафулињата и рестораните сè уште можат да вршат продажба на храна и пијалоци, без оглед дали имаат тераса или не, додека доставата останува дозволена 24 часа на ден, седум дена во неделата. Трговските центри остануваат затворени, како и кафулињата и рестораните кои немаат тераса. И понатаму е на сила мерката според која сите објекти мора да обезбедат почитување на мерката од најмалку девет квадратни метри по лице или посетител. Исклучок се фитнес клубовите, спа центрите, теретаните и слично, каде што мора да се обезбедат 16 квадратни метри по лице. Бројот на лица присутни во објектот вклучува и вработени. Владата на Србија забележува дека од утре наутро ќе се интензивира инспекцискиот надзор на почитување на сите епидемиолошки мерки на целата територија на Србија. об/ об

Остани поврзан