• четврток, 26 декември 2024

Србија: Нулта толеранција за неодговорните возачи со измени на Законот за безбедност на автомобили

Србија: Нулта толеранција за неодговорните возачи со измени на Законот за безбедност на автомобили

Белград, 29 мај 2024 (МИА) - Српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ денеска нагласи дека заедно со Министерството за внатрешни работи се работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои значително ќе бидат построги казните за арогантните возачи и за оние кои не ги почитуваат прописите.

-Време е да се предвиди мерката одземање автомобил за оние кои возат во спротивна страна на автопат, оние кои возат брзо во населени места, во училишни зони и зони на пешачки премини. Дополнително, ќе биде забрането камионот да претекнува камион на автопат, што исто така е голем проблем. На камионите ќе им биде забрането да имаат товар кој не е покриен со церада, рече Весиќ за белградски медиуми.

Српскиот министер додаде дека очекува со построгите казни да се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Во Србија утрово загина возач на автомобил при директен судир со автобус. Во сообраќајката се повредени 30 патници од автобусот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан