• петок, 27 декември 2024

Србија и Јужна Кореја потпишаа Протокол за соработка

Србија и Јужна Кореја потпишаа Протокол за соработка

Белград, 27 април 2023 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот пратеник на претседателот на Јужна Кореја, Сонгмин Џанг.

„Денеска го потпишавме Протоколот за соработка меѓу Република Србија и Република Кореја и разговаравме за зајакнување на сеопфатните билатерални, мултилатерални и економски односи, како и прашања од важност и интерес за двете страни“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Како што наведе, специјалниот пратеник Џанг на Вучиќ му врачил писмо од претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, во кое тој „изразил надеж дека оваа посета ќе даде нов поттик“ на соработката меѓу двете земји. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан