• среда, 25 декември 2024

Србија - единствен кандидат за членство која не се усогласила со надворешнополитичките одлуки на Советот на ЕУ

Србија - единствен кандидат за членство која не се усогласила со надворешнополитичките одлуки на Советот на ЕУ

Белград, 8 април 2024 (МИА) - Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која не се усогласи со двете нови надворешнополитички одлуки на Советот на ЕУ донесени поради Украина и сериозно кршење на човековите права.

Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на 12 март 2024 година, Советот на ЕУ ја усвои Одлуката за продолжување на рестриктивни мерки против поединци и ентитети за поткопување на територијалниот интегритет и суверенитет и независност на Украина, за уште шест месеци, до 15 септември 2024 година.

Србија, исто така, како што пренесува Бета, не се согласи со одлуката на Советот донесена на 22 март 2024 година за вклучување на 33 физички и два субјекти на списокот на правни и физички лица за кои се воведени рестриктивни мерки поради масовни прекршувања и злоупотреба на човековите права.

Со двете нови одлуки на Советот на ЕУ, сите земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, освен Србија - Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина - се усогласија, со што ќе се осигура дека нивните национални политики се во согласност со тоа, а ЕУ ја забележува оваа заложба и ја поздравува, се наведува во соопштението. ссм/

фото: архива

Остани поврзан