• вторник, 24 декември 2024

Србија би можела да ги исполни критериумите за членство во ЕУ до 2025 година, тврди српската министерка за евроинтеграции

Србија би можела да ги исполни критериумите за членство во ЕУ до 2025 година, тврди српската министерка за евроинтеграции

Белград, 15 јули 2023 (МИА) - Министерката за европски интеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, денеска во интервју за Глас на Америка  изјави дека Србија би можела да ги исполни критериумите за членство во Европската унија до 2025 година.

„Тоа значи дека најголемиот број системски закони треба да бидат целосно усогласени до таа година. Дека сите системски стандарди треба да се воведат во домашното право и во судството. Факт е дека ЕУ се менува од ден на ден и опсегот со кој ние мора во моментот на членство за да се договориме“, рече Тања Мишчевиќ, која беше во тридневна посета на Вашингтон.

Во САД, таа разговараше со заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, членовите на Претставничкиот дом Томас Кин и Роберт Адерхолт и учествуваше на настани организирани од невладиниот Атлантски совет.

Српската министерка рече дека важна тема на нејзините средби била потребата од континуиран стратешки дијалог меѓу Србија и САД, бидејќи двете земји имаат многу повеќе теми за разговор отколку дијалогот меѓу Косово и Србија. зш/

Остани поврзан