• среда, 18 декември 2024

СП2022: Саутгејт – Кејн ќе биде подготвен за дуелот против САД

СП2022: Саутгејт – Кејн ќе биде подготвен за дуелот против САД

Доха, 24 ноември 2022 (МИА) – Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Гарет Саутгејт изјави денеска оти капитенот Хари Кејн ќе биде подготвен за натпреварот од второто коло на Светското првенство против САД.

-Хари се чувствува добро. Денеска повеќе работеше индивидуално. Сè е добро за в петок вечер. Вчера беше не скенер за да се увери дека сè е во ред“, изјави Саутгејт.

Кејн го повреди скочниот зглоб во второто полувреме на натпреварот против Иран, кој Англија го реши во своја корист со 6-2. Кејн се пожали на повреда во 50. минута, а 15 минути пред крајот на натпреварот беше заменет со Калум Вилсон.

Англија во рамки на второто коло во Групата Б ќе игра против САД, в петок од 20 часот. ег/

Остани поврзан