• среда, 18 декември 2024

СП 2022: Просинечки типува на Бразил или Аргентина за титулата

СП 2022: Просинечки типува на Бразил или Аргентина за титулата

Загреб, 23 ноември 2022 (МИА) – Поранешниот легендарен југословенски и хрватски репрезентативец Роберт Просинечки очекува титулата на Светското фудбалско првенство во Катар да ја освои јужноамериканска репрезентација.

- Веќе некое време титулата не ја освојуваат јужноамерикански репрезентации, па сега дојде моментот. Бразил има најдобра екипа. Аргентина, исто така, има шанси, тоа е урамнотежена екипа, рече Просинечки, кој пред три месеци беше меѓу кандидатите за селектор на Боливија.

Последната јужноамериканска репрезентација која ја освои светската титула е Бразил пред 20 години.

Од европските репрезентации, според Просинечки, најголеми шанси за титулата имаат Франција и Белгија. ег/

Остани поврзан