• вторник, 12 ноември 2024

Спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните во фокусот на разговорите на АХВ и Ветеринарната комора

Спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните во фокусот на разговорите на АХВ и Ветеринарната комора

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Поквалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувачите на добиток и сопствениците на домашни миленици во рамки на реализирањето на активностите согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните и унапредување на соработката и размена на информации меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарната комора, биле дел од темите за кои денеска разговарале директорот на АХВ Оливер Миланов со претставници од Ветеринарната комора, предводени од претседателот Жарко Михајловски и извршниот директор Томислав Николовски.

Миланов информирал дека е склучен договорот за јавни набавки за лабораториски услуги за здравствена заштита на животните и дека за најповолен понудувач е избран Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. 

Како што се наведува во соопштението од АХВ, на состанокот разгледани биле актуелните прашања од областа на ветеринарството и активностите што до крајот на годината треба да се реализираат од страна на ветеринарните друштва членки на Комората во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Членките на Комората го информирале Миланов за динамиката на реализирањето на Годишната наредба на терен. 

- И за АХВ и за Комората приоритет и во наредниов период треба да биде унапредувањето на услугите кон одгледувачите на животни и сопствениците на домашни животни, во интерес на развој на сточарскиот сектор. Прашањата и предизвиците во работењето ќе продолжиме да ги решаваме тимски, заштитувајќи го здравјето на животните, со тоа и на граѓаните, незаборавајќи да водиме сметка и за заштитата на животната средина, истакнал Миланов.

Побарал Комората да ја разгледа можноста за интензивирање на соработката со АХВ преку поголема застапеност на претставници од Агенцијата во телата и органите на Комората, за што била изразена поддршка од страна на претставниците на Комората. ев/бак/

Фото: АХВ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан