• четврток, 26 декември 2024

Спроведена екоакција во село Црник

Спроведена екоакција во село Црник
Пехчево, 1 август 2022 (МИА) - Во пехчевското село Црник успешно е спроведена најавената еко-акција за чистење на центарот на селото. Акцијата ја организираше младинскиот актив во соработка со Општина Пехчево. - Жители на селото заедно со градоначалникот на Пехчево, кој зеде учество во акцијата, го исчистија централниот дел на селото и детското игралиште, кое претходно беше натрупано со ѓубре. Денеска, пак, екипи на ЈП „Комуналец“ од Пехчево, го излагаат сметот и ги испразнија сите преполнети контејнери во селото, информираа од младинскиот актив во Црник. Градоначалникот на Пехчево Александар Китански најави дека во следниот период предвидено е уредување и чистење на Црничка река, каде со механизација ќе се уредува речното корито. Жителите на Црник упатија благодарност до Китански и сите кои се вклучија во реализацијата на активностите за нивната несебична поддршка при спроведувањето на оваа акција.вс/фф/

Остани поврзан