• среда, 25 декември 2024

Спречен шумски  пожар кај Отовица, на автопатот Велес - Скопје

Спречен шумски  пожар кај Отовица, на автопатот Велес - Скопје

Велес, 1 август 2023 (МИА) - Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај  село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“.  Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка  борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за  да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес - Скопје.

Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев денеска за МИА изјави дека на помош на 13-те велешки пожарникари, кои гаснеле со четири противпожарни  возила им се придружила и полициска екипа  од СВР Велес, која исто така активно се вклучила во гаснење на пожарот. ад/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан