• четврток, 26 декември 2024

Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница

Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа.

Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете.

 - По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението.

Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија. бд/са/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан